Документи | Билтен на Универзитетот

Согласно член 132, став 5 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ” бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09 и 99/09), на веб-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се објавуваат рефератите за избор во наставно-научни, научни и соработнички звања, рецензиите за подобност на темата и оспособеноста на кандидатот за вршење научна работа, прегледите на одобрените докторски дисертации, прифатените магистерски и специјалистички теми, рецензиите на учебници и учебни помагала, како и рефератите за доделување на звањето почесен професор и титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.