УКИМ е членка на Коалицијата за унапредување на истражувачката евалуација (COARA)
|
На 27 октомври 2023 година официјално започна со работа Работната група за реформирање на евалуацијата на академската кариера (ACA), каде што УКИМ е член и еден од ко-лидерите на работните задачи. Во текот на овие 2 години, Работната група ќе развие адаптибилна алатка за ACA, земајќи ги предвид сите универзитетски мисии, како и широкиот опсег на активности, вештини и компетенции на академскиот кадар во различни фази од нивната кариера. Заедно со 35 партнери од Европа, предводени од копретседавачите Пастора Мартинез Сампер (EUA) и Мониек Тромп (YAE), целосно сме посветени на оваа многу важна мисија.
|



Бул. „Гоце Делчев“ бр. 3, 1000 Скопје, Република С. Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа) 3293-202