Почетна | Новости | 05.11.2021


Проф. д-р Јозеф Лауринчик, стана почесен доктор (doctor honoris causa) на УКиМ

Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот “Константин Филозоф” во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Денес, 5 ноември 2021 година, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа промоција за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. 
Титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”во Скопје му беше доделена на д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот “Константин Филозоф” во Нитра, Р Словачка.
Оваа титула на проф. д-р Јозеф Лауринчик му е доделена во знак на признание за афирмацијата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”во Скопје и на Република Северна Македонија во меѓународното опкружување и неговиот придонес во проширувањето на научните капацитети на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. 
Промоцијата за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја изврши ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на свечениот чин присуствуваа проректорите на УКИМ, претседателот на Универзитетскиот сенат, деканот на Факултетот за ветеринарна медицина проф. д-р Лазо Пендовски, членови на деканската управа и  претставници на наставно-образовниот и научниот кадар на Факултетот.