Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на својата 19.седница одржана на 31 март 2022 година, ја усвои Политиката за отворена наука на УКИМ, дел од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука. Политиката на Отворена наука на УКИМ е начин за прокламирање на напредокот во науката и дифузија на знаења за доброто на општеството преку усвојување на разни практики на отворено, достапно, интероперабилно, репродуцирачко и одговорно истражување, како важна цел на стратешките документи на Универзитетот. Таа е чекор кон отстранување на бариерите за споделување на секаков вид на резултати од истражувањата, во насока за подобрување на меѓународната видливост и претставување на Универзитетот како квалификуван партнер во истражувачки проекти и истражувачка област, на регионално и на пан-европско ниво. |
Protocol on Open Access to Research Infrastructure in the Western Balkans |
Меѓународната Недела на Отворен Пристап Open Access Week е глобален настан, кој е community-driven, можност за академската и истражувачката заедница да ги осознае придобивки од отворениот пристап за истражување. |
Тренингот, во форма на вебинар, ќе се реализира преку платформата за тренирање развиена во рамките на NI4OS проектот. |