Онлајн-дискусија на тема: Рангирање – како од индивидуални критериуми до објективна оценка

Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИс) на УКИМ во соработка со С(ц)иеста заедницата на научници родум од Македонија, организира јавен настан:
„Онлајн-дискусија на тема: Рангирање – како од индивидуални критериуми до објективна оценка“
Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе претставува добра можност да се продискутира за методологиите за рангирањето на универзитетите, како и нашето место во глобалните научни трендови.
Датум: 24.2.2022 г.(четврток) во 20:00 часот, online.

Бул. „Гоце Делчев“ бр. 3, 1000 Скопје, Република С. Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа) 3293-202