Почетна | Новости | 11.03.2022


На Уким промоција на доктори на науки

На ден 10.03.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на општествените и хуманистичките науки.
На свечен и традиционален начин, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 9 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ во Скопје.
Промоцијата на доктори на наука беше одржана во аулата на Ректоратот, почитувајќи ги протоколите и мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија, за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:

  1. БЛАГИЦА МИХАЈЛОВСКА КОТОВЧЕВСКА – доктор на науки по мировни и развојни истражувања
  2. АРБРЕША ЗЕНКИ ДАЉИПИ – доктор од подрачјето на општествените науки – педагогија
  3. ЕМИНА РУСТЕМОСКА – доктор од подрачјето на општествените науки од полето на социологија
  4. ИВА ПЕТРУНОВА – доктор од подрачјето на општествените науки од полето на социологија
  5. МАРЈАН СТЕПАНОВСКИ – доктор на мир и развој
  6. АМЕЛ КУРТИШИ – доктор на социолошки науки
  7. МЕРИ ЦАКИЌ – доктор на европски студии за интеграција
  8. ДРАГАНА ЛАЗАРЕВСКА – доктор на социјална работа и социјална политика
  9. ЈЕХОНА СПАХИУ ЈАНЧЕВСКА – доктор на историја на уметноста