Почетна | Новости | 18.03.2022


На Уким промоција на доктори на науки

На ден 18.03.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на општествените и хуманистичките науки.На свечен и традиционален начин, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 9 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ во Скопје.
Промоцијата на доктори на наука беше одржана во аулата на Ректоратот, почитувајќи ги протоколите и мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија, за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
  1. ЛИДИЈА РИСТОВСКА, доктор од подрачјето на општествените науки – дефектологија
  2. АЛЕКСАНДАР ВАСИЛЕСКИ, доктор од подрачјето на хуманистичките науки од полето на историја на уметност и археологија
  3. ХРИСТИЈАН ТАЛЕВСКИ, доктор од подрачјето на хуманистичките науки од полето на  историја на уметност и археологија
  4. ЃЕРАЌИНА ЛЕКА, доктор на науки по мировни и развојни истражувања
  5. МАЈА БАКРЕСКИ, доктор на менаџмент во образованието
  6. ЈОВИЦА ЛОЗАНОСКИ, доктор на европски студии за интеграција
  7. ЗОРАН ДАБИЌ, доктор на мир и развој
  8. АРДИЈАН МУЧА, доктор на социјална работа и социјална политика
  9. МИТКО ВЕЉУСЛИЕВ, доктор од областа на безбедноста