Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура | Подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти и за странци

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СООПШТЕНИЕ

Во прилог се линковите за испитот по македонски јазик од подготвителната настава, на македонски и англиски јазик:

https://flf.ukim.mk/cetis-mak-mk/

https://flf.ukim.mk/cetis-mak-en/

Се информираат кандидатите заинтересирани за подготвителна настава по македонски јазик за странски студенти (почетен курс) дека наставата што ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи со физичко присуство во просториите на  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа ќе започне на 15.2.2024 г. и ќе трае до 15.5.2024 г. Краен рок за пријавување на кандидатите е 15.2.2024 година.

Цената на чинење изнесува вкупно 25.000 денари, од кои 10.000 денари се уплаќаат на сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а 15.000 денари на сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

(прилог: уплатница за УКИМ и уплатница за ФЛФ).

Двете уплатници заедно со документите:

  • копија од извод од матичната книга на родени,
  • копија од диплома за завршено средно образование и
  • копија од патна исправа – пасош

треба да бидат доставени во Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За повеќе информации, обратете се на: