Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура | Актуелно

57ма Л Е Т Н А   Ш К О Л А
на МСМЈЛК при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
(Охрид, 15–29 август 2024)

Во годината кога најстариот и најреномиран Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 75 години од основањето, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ ја организира 57. Летна школа што ќе се одржи во прекрасниот древен град, културен, духовен и туристички центар Охрид од 15–29 август 2024 во Конгресниот центар на УКИМ.

Со нова визија, подновен концепт и збогатени содржини, МСМЈЛК при УКИМ овозможува извонредна можност македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат во тек на две седмици од страна на врвни професори, предавачи, научни работници и соработници, истакнати македонисти, филолози, културолози, фолклористи, етнолози, музиколози, филозофи и историчари.

Меѓународниот семинар организира редовна настава, пленарни предавања и изборни курсеви, а од оваа година овозможува широка палета на содржини, културно-уметничка програма, промоции, средби со писатели и екскурзии со посета на значајни културно-историски знаменитости.
Охрид е древен град, град на културно-историско наследство што спаѓа во светско културно наследство и богатство, град на УНЕСКО и една од врвните светски туристички дестинации. Охридско-Струшкиот регион и Охридското Езеро се вистински бисер на Балканот и голем културен и туристички центар.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
ИМА ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА 57. ЛЕТНА ШКОЛА НА МСМЈЛК при УКИМ којашто ќе се одржи од 15–29.8.2024 година во Охрид

Ве молиме проследете го текстот со подетални информации на следниот линк.

Електронска пријава може да се направи на следниот линк.

Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје

msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk

Во прилог:

  • Видео „Летна школа“ – изработен од Елена Ѓорѓиовска, лектор на МСМЈЛК при УКИМ, работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици и литератури во Букурешт, Р. Романија
  • Видео „Охридска песна“ – Илинка Скаловска – автор на музиката и видеото, и клавирска изведба.
Меѓународен семинар за македонски јазик литература и култура УКИМ во Скопје