Почетна | Новости | 18.06.2024


Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ прослави 65 годишен јубилеј

65 години наставна и образовна извонредност – Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ✨

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) прослави 65 години од своето основање.

На свечена академија, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, трансферот на технологии, соработката со стопанството и гордоста дека Факултетот е дом на генерации млади и инспиративни студенти кои докажано прераснуваат во носители на битни општествени процеси во земјата и пошироко.

На свечената академија беа промовирани нови 124 инженери и 56 магистри. Активностите на ФЕИТ се фокусирани на создавање инженери на новото време подготвени да го водат процесот на енергетска, зелена и дигитална транзиција, слично како што претходните генерации беа пионери во градењето на основната инфраструктура на државата.

Прочитај повеќе

 

May be an image of 7 people and text