Системот за обезбедување на квалитет е воспоставување на стандарди, постапки и методи со цел за развој и унапредување на квалитетот и постигнување на највисоките нивоа на образовната, научноистражувачка, уметничка и применувачка, односно апликативна дејност како и во стручните и административните активности на Универзитетот.
Системот за обезбедување на квалитетот во работењето на УКИМ и единиците се остварува преку континуирано следење на исполнетоста на стандардите пропишани во Правилникот за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација, во согласност со Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).
Регулатива на системот за обезбедување на квалитет на УКИМ
П Р А В И Л Н И К за обезбедување на квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
СТРАТЕГИЈА за обезбедување на квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2024-2029) |
Тела за обезбедување на квалитет на УКИМ
- Совет за квалитет
- Комисија за самоевалуација
Секоја единица на УКИМ формира Совет за квалитет на единицата.