Европска програма за институционална евалуација
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како членка на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА), следејќи ја Програмата за институционална евалуација на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) и насоките за спроведување самоевалуација и надворешна евалуација, во изминатиот период помина низ пет евалуациони процеси на надворешна евалуација:
Тргнувајќи од потребата за надворешна, објективна оцена и обезбедување континуиран развој и квалитет во сите области на дејствување, надворешните евалуации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје претставуваат континуитет на процесите на самоевалуација, кои континуирано се спроведуваат на единиците на Универзитетот, а се презентираат со последователни севкупни три годишни извештаи за самоевалуација. Во рамките на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за високото образование (ЗВО) на Република Северна Македонија, последователно се формираат комисии за самоевалуација на УКИМ со претставници од единиците на Универзитетот, задолжени за спроведување процес за самоевалуација и изработка на извештаи за самоевалуација на УКИМ. Процесите на самоевалуација се изведуваат во согласност со структурата и содржината утврдени во насоките на ЕУА и ENQA за институционална последователна евалуација. Документи
|