Почетна | Новости | 10.11.2023


УКИМ го одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА ЗА МИР И РАЗВОЈ, 10 НОЕМВРИ

На Светскиот ден на науката за мир и развој, промовиран од Обединетите нации, се потсетуваме на значајната улога која ја има науката во нашето општество и нашиот секојдневен живот. Токму поради тоа УКИМ, секоја година го одбележува овој ден.

UN тема – Доверба во науката (UN-Trust in Science)

Одбележување – 10 ноември 2023 (петок), Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10:00 – Доделување на Награди за најдобри научници / уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2022 година, од ректорот проф. д-р Биљана Ангелова
10:30 – Дебата на тема: Науката на УКИМ во функција на подобро општество (ОН 2023-Доверба во науката) Дебата на УКИМ заедницата – двигател на визијата кон отворен Универзитет со Европски вредности и видлив на меѓународниот високо-образовен и научноистражувачки простор.