Трансфер на знаење и иновации

 

 

 

 

 

CIRKO

Центарот за истражувања, развој и континуирано образование – ЦИРКО е основан во 2002 година од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Основна цел на Центарот ЦИРКО е да спроведува истражувања, да поддржува развој во областа на машинското инженерство и да организира и координира професионални обуки во рамките на сите дисциплини кои ги покрива Машинскиот факултет – Скопје.

 

 

 

INNO FEIT

Согледувајќи ја потребата за поцврста соработка меѓу академската заедница и индустријата, во 2018 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, го отвори Центарот за трансфер на технологија и иновации – ИННОФЕИТ како дел од своите напори да го затвори јазот помеѓу академското образование и практичната експертиза и да ги подготви своите студенти за подобро справување со индустриските предизвици кои претстојат.

ИННОФЕИТ е Центар за интеракција меѓу персоналот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што ќе поттикне врски и трансфер на технологија, како и нови иновативни идеи кои ќе помогнат во економскиот раст на секторот и општеството воопшто.

 

CIPOZ

За подобро искористување на своите човечки и техлолошките ресурси, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 2002 година, го формираше Центарот за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството – ЦИПОЗ.

Центарот ЦИПОЗ делува во областа на земјоделството, од една страна на зголемување на истражувачката работа, а од друга страна на подобрување на практиката на студентите и фармерите.

 

Business Accelerator UKIM

Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ) е водечки бизнис-технолошки акцелератор посветен на поттикнување на растот на многу перспективни технолошки претприемачи, стартапи, spin-offs и scale-ups во Република Северна Македонија. Обезбедува поддршка преку:

  • финансирање/инвестиција
  • приспособена програма за забрзување на бизнисот,
  • низа ресурси, вклучувајќи менторство, пристап до меѓународните пазари и деловни мрежи и стратешка помош за развој на бизнисот.

Покрај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во основањето на БАУ УКИМ учестрвуваат и дополнителните основачки партнери: РСМ Македонија, Развојната фондација Кримсон и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев.

 

 

FABLAB SKOPJE
MFS FABLAB Skopje

ФАБ ЛАБ Скопје е производствена фабрикациска лабораторија на Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Претставува место за истражување, практично учење и изработка на проекти со примена на дигитални производствени алатки. Наменета е за студентите и младите каде имаат пристап до алатки, машини и уреди, каде можат да дојдат и да разменат знаења и практики и да реализираат обуки со цел поттикнување на иновативноста во инженерството и применетите технологии.

FEIT – FabLAB

ФЕИТ FabLab е фабрикациска лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со мисија е да ја поттикнеме културата на практично учење, соработка и иновации во областа на инженерството и технологијата.

Целта е да се поттикнат поединците, особено младите луѓе, со вештините и алатките што им се потребни за да ги оживеат нивните идеи, а истовремено да се премости јазот помеѓу академијата и индустријата.

 

Inno – FabLAB

Inno – FabLAB е фабрикациска лабораторија на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

МФС УКИМ

 

ФЕИТ УКИМ

 

ФЗНХ УКИМ

 

ФИНКИ УКИМ

 

ТМФ УКИМ