Почетна | Новости | 20.06.2024


Технолошко – металуршкиот факултет ТМФ при УКИМ прослави 65 годишен јубилеј

По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), на 20.06.2024 година, во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот се одржа целовешерен настан за свечено одбележување на јубилејот.

На настанот беа доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале на ТМФ, како и на вработените кои навршиле 35 години стаж во Факултетот.

Во 20 часот во Аулата на ТМФ, се одржа модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на проф. м-р Лидија Георгиева на тема „Време“.