На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно се реализира програмата Еразмус+ на Европската Унија во областа на високото образование, која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Во рамки на програмата Еразмус+, на УКИМ се распишуваат годишни конкурси за реализација на мобилности на студенти и наставно-научен кадар. Во продолжение се наведени генералните документи потребни за програмата Еразмус+, како и документите потребни при аплицирање за реализација на мобилности. |