Почетна | Новости | 12.06.2024


Работна средба

 

На покана на ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, денес, 12 јуни, во Ректоратот на УКИМ се одржа работна средба на која присуствуваа: проф. д-р Гордана Лажетиќ, претседател на Националниот совет за високо образование; г. Расим Зуфери, директор на Агенцијата за квалитет; проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот на акредитација на високото образование; проф. д-р Димитар Ташковски, претседател на Одборот за евалуација на високото образование и проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава.✨
На средбата се дискутираше за тековните проблеми во обезбедувањето квалитет во високото образование и за можностите за негово подобрување.✨

May be an image of 6 people and text