Почетна | Новости | 02.06.2022


PARFORCE: Партнерство за виртуелни лаборатории во студиските програми по градежништво

Во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата за стратешки партнерства во дигиталното образование, формирано е стратешко партнерство помеѓу Bauhaus University Weimar (BUW), Ruhr University Bochum (RUB), University Aveiro (UA), University Osijek (UNIOS) и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), во проектот PARFORCE: Партнерство за виртуелни лаборатории во студиските програми по градежништво.
Основната цел на PARFORCE е развој на заедничка платформа за виртуелни лабораториски експерименти како поддршка на високото образование од областа на градежништвото во Европа. Фокусот е различни лабораториски експерименти, кои не се дел од стандардното образование на градежните факултети и се реализираат во специфични институции, да станат виртуелно достапни на идните генерации на студенти по градежништво.
Целни групи се студентите по градежништво на Универзитетите во Европа, наставниците од партнер универзитетите, како и пошироката академска заедница.
Резултатите и искуствата од проектот ќе бидат дисеминирани на различни национални и интернационални настани, во форма на презентации и публикации.
За повеќе детали посетете го Bauhaus-Universität Weimar: Strategic Partnerships (ERASMUS+) (uni-weimar.de).