Репозиториум на трудови на УКИМ
| Репозиториумот на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна обработка.
Главна цел на репозиториумот на УКИМ е трајно да се складираат мета-податоците за трудовите на стандардизиран начин, кој овозможува обработка, размена и пребарување, како и подигнување на нивото на видливост на УКИМ. Основната поставка е отворена политика за пристап кај сите збирки, освен кај книгите. Организиран е во организации (communities), кои соодветствуваат на факултетите и научните институти при УКИМ. Во рамки на секоја организација дефинирани се следните збирки (collections), организирани согласно природата на научните трудови кои се внесуваат.
|
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 3, 1000 Скопје, Република С. Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа) 3293-202