Почетна | Новости | 11.12.2023


На УКИМ ПРОМОВИРАНИ 34 ДОКТОРИ НА НАУКА

На ден 11.12.2023 година, беше одржана промоција на доктори на наука, од областа на општествените науки, медицинските науки и здравството и природно-математичките науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 21 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Економскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На ден 12.12.2023 година, беше одржана промоција на доктори на наука, од областа на општествените науки, медицинските науки и здравството и техничко-технолошките науки.

 

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 13 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Филозофскиот факултет, Медицинскиот факултет, Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Промоциите на доктори на наука се одржаа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12,00 часот.

На 11.12.2023 година во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:

  • Мите Митевски, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
  • Милица Милошеска Гавровска, доктор по економски науки
  • Љубе Јолевски, доктор по економски науки
  • Тихона Божиновска, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
  • Андријана Ристовска, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
  • Мелани Новаковска, доктор на општествени науки од областа комуниколошки науки
  • Вероника Рашковска, доктор на правни науки по право и информатичка технологија
  • Ана Крстиновска, доктор на политички науки од областа на меѓународни односи
  • Анѓелка Јанкуловска, доктор на науки по јавно здравство
  • Љубица Миќуновиќ деребанова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата со интензивното лекување
  • Саветка Паљошковска Јорданова, доктор на медицински науки – клиничка  медицина од областа на кардиологијата
  • Маја Бојаџиоска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ревматологијата
  • Весна Мицевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на педијатријата
  • Славица Ѓоргиевска Јовановска, доктор на стоматолошки науки – орална медицина и пародонтологија
  • Марија Андоновска, доктор на стоматошки науки – дентална патологија
  • Санела Идоска, доктор на стоматолошки науки – максилофацијална хирургија
  • Моника Стојановска Пецова, доктор по хемиски науки
  • Елена Лазаревска Тодевска, доктор по хемиски науки
  • Елена Вчкова Бебековска, доктор по физички науки
  • Емин Дурмиши, доктор на математички науки
  • Владимир Златаноски, доктор на географски науки

На 12.12.2023 година во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:

  • Милена Илиќ Пешиќ, доктор од подрачјето на општествените науки – педагогија
  • Елисабета Ологу, доктор по општествените науки од полето социјална работа и социјална политика – социјална политика
  • Рина Ајдари, доктор по општествени науки од полето на социологијата – европска интеграција
  • Вера Пеншовска Николова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на кардиологијата
  • Жарко Спасовски, доктор на медицински науки – клиничка  медицина од областа на хирургијата
  • Ана Михајловска Рендевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата
  • Марија Лазаревиќ, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
  • Симона Домазетовска, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
  • Елена Ангелеска, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
  • Александар Ѓерасимовски, доктор на техничко-технолошки науки од областа на машинството
  • Јован Карамачоски, доктор на технички науки од областа електротехника и информациски технологии
  • Ѓорѓи Илиевски, доктор на технички науки од областа електротехника и информациски технологии
  • Васко Здравески, доктор на технички науки од областа електротехника и информациски технологии