Наградата „13 Ноември“, Градот Скопје ја доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот за остварувања во разни области што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и светот. Повторно, меѓу добитниците се наоѓаат и видни професори од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, кои во изминатиот година дадоа исклучителен придонес и создадоа научни и стручни достигнувања достојни на оваа награда. Оваа година од редовите на наставни-научниот кадар на УКИМ наградата ја добија:
Од областа на образованието и воспитанието
- проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА, редовен професор на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје – за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период;
Од областа на науката
- проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ, редовен професор на Институт за национална историја – Скопје. – за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „Денови на Јустинијан I“;
- проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА, вонреден професор на Стоматолошкиот факултет – Скопје – за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.
Од областа на здравствената заштита
- проф. д-р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА, редовен професор на Медицинскиот факултет – Скопје – за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат;
- проф. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА, редовен професор на Медицинскиот факултет – Скопје – за долгогодишен придонес во здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.
Универзитетот им честита на добитниците и искажува задоволство што градот Скопје во континуитет ги препознава исклучителните достигнувања и резултати кои ги постигнуваат нашите кадри.