Почетна | Новости | 17.11.2022


Денови на COBISS

Можности за факултетските библиотеки на УКИМ

НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје во соработка со Институт за информациски науки – ИЗУМ од Словенија, реализираше работилница на тема „Денови на COBISS – факултетските библиотеки во системот на COBISS“, која се оддржа во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје на 15 ноември 2022 година.
Работилницата опфати презентации на новостите кои ги содржи COBISS+, корисни за примена при ажурирање на библиотечните податоци од научно-истражувачките резултати и публикации на академскиот кадар, како dCOBISS. Притоа, беа дискутирани темите за поврзување на факултетските библиотеки со библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK, како и можностите за поврзување со податочната база на развиениот репозиториум на УКИМ.
На настанот, покрај библиотекари и професори од УКИМ, учествуваше и проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска, која реализираше средба со претставниците на ИЗУМ, д-р Алеш Бошњак, д-р Исмет Овчина и НУБ, м-р Рахметула Куќи и м-р Елисавета Костадинова на тема можности за вклучување на факултетските библиотеки на УКИМ во системот на COBISS, можности за поврзување со репозиториумот на УКИМ, како и технички и компетенциски барања, сето тоа преку единствениот систем на библиотечното работење и бази на податоци COBISS.MK, управуван од НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје.