Со нова визија, подновен концепт и збогатени содржини, МСМЈЛК при УКИМ овозможува извонредна можност македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат во тек на две седмици од страна на врвни професори, предавачи, научни работници и соработници, истакнати македонисти, филолози, културолози, фолклористи, етнолози, музиколози, филозофи и историчари.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
ИМА ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА 57. ЛЕТНА ШКОЛА НА МСМЈЛК при УКИМ којашто ќе се одржи од 15–29.8.2024 година во Охрид.
Ве молиме проследете го текстот со подетални информации на следниот линк.
Електронска пријава може да се направи на следниот линк.
Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk
Во прилог:
- Видео „Летна школа“ – изработен од Елена Ѓорѓиовска, лектор на МСМЈЛК при УКИМ, работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици и литератури во Букурешт, Р. Романија
- Видео „Охридска песна“ – Илинка Скаловска – автор на музиката и видеото, и клавирска изведба.
- проф. д-р ЕЛКА ЈАЧЕВА-УЛЧАР, ЛАСКО ЏУРОВСКИ И ЛАЗЕ ТРИПКОВ: ГЛАГОЛИЦАТА И КИРИЛИЦАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА БОГАТОТО МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО-ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО И НИВНАТА ПРИМЕНА
- проф. д-р ЃОКО ЃОРЃЕВСКИ: СВ: НАУМ И ПРОРОКОТ НАУМ
- проф. д-р НАТАША АВРАМОВСКА: ЛОКАЛНОТО И УНИВЕРЗАЛНОТО ВО ДРАМСКИОТ СВЕТ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ
- проф. д-р ИСКРА ПАНОВСКА ДИМКОВА: ФОНЕТСКО-ФОНОЛОШКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ УСВОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ
- проф. д-р МАРИЈА ПАУНОВА: МАКЕДОНСКИ ЛИНГВОКУЛТУРОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ (ДИЈАХРОНИЈА И СИНХРОНИЈА)
- проф. д-р СЛАВЧО КОВИЛОВСКИ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КАКО КУЛТУРНА ИКОНА
- проф. м-р ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА: ЗБОРУВАТЕ ЛИ МАКЕДОНСКА МОДА?
- проф. д-р ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ: ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ ПРОНИКНУВАЊА НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ СО СЛИКАРСТОВОТО И МУЗИКАТА
По повод отворањето на 53. Летна школа
- г. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, претседател на Р Северна Македонија
- проф. д-р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
По повод затворањето на 53. Летна школа
- д-р БОРЧЕ АРСОВ
- м-р БИЉАНА СТОЈАНОВСКА
Средно ниво:
- м-р БОБАН КАРАПЕЈОВСКИ
- м-р БОЈАН ПЕТРЕВСКИ
- МАРИЈА ПАНДЕВА
Напреднато ниво (јазик)
- доц. д-р ГОРДАНА АЛЕКСОВА
1. | Курс: македонскиот јазик | |||||
проф. д-р СЛАВИЦА ВЕЛЕВА | ||||||
2. | Курс: македонска литература и култура | |||||
проф. д-р КРИСТИНА НИКОЛОВСКА | ||||||
3. | Курс: македонска литература и култура | |||||
проф. д-р НИКОС ЧАУСИДИС | ||||||
52 летна школа на Meѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи од 4 август до 23 август 2019 година во Охрид во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – (поранешно Универзитетско одморалиште). Конгресниот центар се наоѓа во с. Коњско на 7 км од центарот на Охрид по патот кон Св. Наум.
Од Охрид до Конгресниот центар можете да се стигне со автобус или со такси. На секои 15 до 20 минути има автобуси од Градската автобуска станица во Охрид кон с. Коњско. Може да се користат автобусите кои одат кон: Св. Наум, Пештани и Елшани. Треба да се слезе на станицата кај хотелот Метропол. Конгресниот центар е веднаш помеѓу станицата и езерото.
Доколку се патува со автомобил, Охрид се наоѓа на 170 km од Скопје. Детален опис како да се стигне до Охрид има на следниов линк
Ако во Скопје се пристигне со авион од Скопскиот аеродром може да се користи такси до Охрид или до Скопје. Веб страницата на Скопскиот аеродром е: https://www.airports.com.mk.