Информативен портал на УКИМ за RANKING | РАНГИРАЊЕ Неколку децении, глобални светски сервиси спроведуваат рангирања на универзитетите, воспоставени во земји со развиени високообразовни системи, базирани на критериуми за класификација и индикатори за квалитет, преку што се спроведуваат метрики на академските карактеристики. Првично ексклузивни за англо-саксонските земји за евалуација на бизнис школите, рангирањата се проширени на глобално ниво и на сите видови високообразовни институции, со цел транспарентно да се прикажат перформансите во различни области, во истражувањето, едукацијата, како и дополнителни критериуми, општествено влијание, вработливост, одржливост, одличност, видливост. Овој информативен портал на УКИМ ги прикажува највлијателните сервиси за меѓународни универзитетски рангирања, накратко објаснувајќи ги критериумите за класификација и индикаторите за оценување. |
Рангирањето ARWU (Academic Ranking of World Universities) или Академското рангирање на светските универзитети, попознато како Шангајско рангирање, е едно од најпознатите рангирања на универзитети ширум светот, изготвувано од група специјалисти по библиометрија од Шангајскиот универзитет Џиао Тонг (Кина). Оваа листа ги вклучува најголемите и највлијателните високообразовни институции во светот и опфаќа повеќе од 25.000 универзитети.
Фокусот на овој систем е истражувачката активност, така што, во тој контекст овозможува униформа споредба помеѓу универзитетите. Овој фокус базира на тезата дека добрите резултати во истражувањето, водат до добри резултати во останатите димензии.
Системот за позиционирање е индивидуализиран за првите 100 универзитети, додека од позицијата 101 понатаму, позиционирањето е групно, според деловите утврдени со рангирањето. Од 2003 година, ARWU на годишно ниво, ги претставува глобално најдобро рангираните 2000 универзитети.
|
Методологија и индикатори
Методологијата за рангирање на универзитетите базира на алгоритам, кој ги зема во предвид следните ARWU индикатори:
|
Други класификации
Покрај главното рангирање, ARWU ги објавува:
|
Корисни информации за ARWU универзитетското рангирање:
- Повеќе податоци
- Фреквенција на објавување – годишно, во август
CWUR Center for World University Ranking (Центарот за рангирање на светски универзитети) е консултантска организација која обезбедува совети за политиките и стратешки увиди на владите и универзитетите за подобрување на образовните и истражувачките резултати. Од 2016 година, CWUR е со седиште во Обединетите Арапски Емирати.
Од 2012 година, CWUR објавува академски светско универзитетско рангирање, кое го оценува квалитетот на образованието, вработувањето на студентите, резултатите од истражувањето и цитатите, без да се потпира на анкети и презентација на податоци преземени од универзитетите. На почетокот, CWUR рангирањето ги презентира првите 1.000 од анализирани над 18.000 универзитети ширум светот. Од 2019 година, презентираните резултати од рангирањето се прошируваат и ги вклучуваат најдобрите 2.000 универзитети. |
Методологија и индикатори
CWUR користи седум индикатори за рангирање на најдобрите 2.000 универзитети во светот:
|
Корисни податоци за CWUR рангирање
- Повеќе податоци
- Последни резултати CWUR рангирање
- Фреквенција на објавување – годишно, во јуни
QS World University Rankings е годишно рангирање на повеќе од 1000 универзитети во светот, со интенција истовремено да служи како секторска и регионална класификација, користејќи шест метрики за анализа на перформансите на универзитетите. Овој систем за универзитетко рангирање е особено поддржуван и престижен за Европските универзитети. Од 2015 година, воведена е стандардизација на научноистражувачките области и понерирачка методологија , со цел објективност при рангирањето на универзитети со различни димензии и со различно покривање на научноистражувачките подрачја.
Покрај QS Светската ранк листа на универзитети, овој сервис објавува и специфични рангирања, според воведени критериуми:
Покрај гореспоменатите рангирања, сервисот QS World University Rankings објавува систем за евалуација на перформансите на универзитетите во различни области, наречени QS Stars University Ratings, при што наместо да се споредуваат институциите едни со други, тие се оценуваат според нивните перформанси во однос на воспоставениот стандард. Овој систем за евалуација на перформансите на универзитетите функционира како ревизија на силните и слабите страни на универзитетите, преку анализа на податоците обезбедени, по десетина индикатори.Притоа, ревизијата доделува ѕвезди и по категории и на глобално ниво, без да се наметнува ограничување на бројот на универзитети кои можат да постигнат највисок резултат или релативен ред меѓу нив. |
Методологија и индикатори за QS World University Rankings
Овој систем воведе нова методологијата за рангирање во 2023 година, преку вклучување на нови индикатори, поврзани за одржливоста и вклученост во меѓународни истражувачки мрежи. Метриката на QS сервисот за рангирање е заснована на следните индикатори со наведените тежински фактори:
|
Корисни податоци за QS рангирање
- Повеќе податоци
- Фреквенција на објавување – годишно, во јуни
Рангирањето на светските универзитети на Times Higher Education ( THE), е годишно објавување на рангирање на универзитетите на списанието Times.
Во моментот, се објавуваат неколку рангирања: На глобално ниво:
За настава:
На регионално ниво:
По области на знаење:
|
Методологија и индикатори на THE Times Higher Education
Овој сервис за рангирање на универзитетите користи академска класификација со објективна методологија, но не целосно библиометриска, базирана на следните индикатори со наведените тежински фактори:
|
Корисни податоци за THE рангирање
- Повеќе податоци
- Фреквенција на објавување – годишно, во мај
SCImago Institutions Rankings (SCImagoIR) e меѓународно рангирање на истражувачки институции ширум светот, koe go sproveduva SCImago LAB од Шпанија. |
Методологија и индикатори на SCImagoIR
Овој сервис направи измени во методологијата на почетокот на 2023 година и истата ја примени и на резултатите од претходните години, што направи одреден метеж во континуираноста на слоедењето на институционалните рангирања.
Кај овој сервис за рангирање, индикаторите се поделени во три групи наменети да ги рефлектираат научните, економските и социјалните карактеристики на институциите. SCImagoIR обезбедува глобални статистички податоци за научните публикации и други резултати на институциите, притоа овозможувајќи да се прават споредби помеѓу институции, со различна големина. Методологијата базира на следните три глобални индикатори, кои претставуваат групи на подиндикатори (со доделена различна тежина), при што финалните вредности се нормализираат на скала од 0 до 100.
|
Корисни податоци за SCImagoIR рангирање
- Повеќе податоци
- Фреквенција на објавување – годишно, во април
WEBOMETRICS е сервис за рангирање на универзитетите во светот, развиен од Лабораторијата за киберметрија на Вишиот совет за научно истражување (CSIC) од Шпанија, кој делува како научна и технолошка опсерваторија достапна на Интернет. Класификацијата базира на анализа на податоци за повеќе од 27.000 универзитети и повеќе од 5.000 истражувачки центри, а резултатите прикажуваат 4.000 најдобро пласирани институции. |
Методологија и индикатори на WEBOMETRICS
Библиометриската методологија го зема предвид обемот на содржините објавени на веб, како и видливоста и влијанието на содржините според надворешните врски што укажуваат на нивните веб-страници. Оваа методологија ја оценува важноста на институцијата во рамките на социјалната мрежа на универзитетски сајтови во светот.
Методологијата еволуираше значително во текот на последната деценија, така што резултатите од различните изданија не се директно споредливи. Методологијата базира на следните индикатори со соодветни тежински фактори:
|
Корисни податоци за SCImagoIR рангирање
- Повеќе податоци
- Фреквенција на објавување – два пати годишно, во февруари и јули