Покана од Амбасадата на САД
ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ
Амбасадата на САД ги поканува студентите да аплицираат за две летни 2024 година студиски престои на Американските институти (SUSIs) за студентски лидери од Европа на следниве теми: еколошки прашања, и новинарство и медиуми. Петнеделните институти привремено ќе се одржат од 25 јуни до 31 јули 2024 година, зависно од расположивите средства. Апликациите треба да се испратат најдоцна до 20 декември на: taneskab@state.gov
Програмата е соодветна за студентите од 1-3 година кои се заинтересирани за Програмата за еколошки прашања, чиј домаќин е Универзитетот Шипенсбург во Шипенсбург, Пенсилванија и Програма за новинарство и медиуми, чиј домаќин е Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона. Краен рок за аплицирање е 20 декември.
Од учесниците се очекува да бидат високо мотивирани од прва до трета година додипломски студенти од колеџи, универзитети и други високообразовни институции, кои покажуваат лидерски способности во рамки на студиите, инволвираност во заедницата и воннаставни активности. Студиските програми на кои се запишани може да се од следниве области науки, општествени науки, хуманистички науки, образование, бизнис и други професионални области.
Дополнителни информации и формуларот за апликација може да се најде на овој линк: https://mk.usembassy.gov/2024-study-of-the-u-s-institutes-susis-for-student-leaders-from-europe/