На техничкиот кампус на Уким одржана конференција GREDIT 2022
На 6 мај 2022 година, во Скопје, на техничкиот кампус во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се одржа отворањето на научната конференција посветена на проблематиката на животната средина GREDIT2022 Green development, green infrastructure, green technology под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски, во организација на Здружението 6-та Ѕвезда, Машинскиот факултет Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, БЕНА (Балканска асоцијација за животна средина) и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На отворањето, конференцијата со свои обраќања ја поздравија министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Машински факултет Скопје, проф. д-р Дарко Данев, претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Кристинка Радевски, д-р Чанер Забнак, претставник на БЕНА и проф. д-р Даме Димитровски, претседател на организацискиот одбор на конференцијата.
На конференцијата беа презентирани над 100 научни трудови од научници од областите загадување на воздух, вода и почва; обновлива енергија; менаџментот со урбаниот и индустрискиот отпад; енергетска ефикасност; климатски промени; здравствени аспекти на загадувањето на животната средина; Агро екологија и менаџирање со еколошки ризици од земјава, регионот и пошироко.
Повеќе за оваа конференција може да погледнете на https://benainfo.net/gredit.
BENA (Balkan Environmental Association) е најголема меѓународна научна асоцијација во регионот и една од најголемите вакви научни асоцијации во Европа, која се занимава со развивање на научна соработка во областа на животната средина на национално, регионално и меѓународно ниво. Повеќе за BENA можете да погледнете на https://benainfo.net/.