Отворена наука на УКИМ

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на својата 19.седница одржана на 31 март 2022 година, ја усвои Политиката за отворена наука на УКИМ, дел  од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука.
Политиката на Отворена наука на УКИМ е начин за прокламирање на напредокот во науката и дифузија на знаења за доброто на општеството преку усвојување на разни практики на отворено, достапно, интероперабилно, репродуцирачко и одговорно истражување, како важна цел на стратешките документи на Универзитетот.
Таа е чекор кон отстранување на бариерите за споделување на секаков вид на резултати од истражувањата, во насока за подобрување на меѓународната видливост и претставување на Универзитетот како квалификуван партнер во истражувачки проекти и истражувачка област, на регионално и на пан-европско ниво.

 

Protocol on Open Access to Research Infrastructure in the Western
Balkans

Меѓународната Недела на Отворен Пристап Open Access Week е глобален настан, кој е community-driven, можност за академската и истражувачката заедница да ги осознае придобивки од отворениот пристап за истражување.
Темата на овогодинешната Меѓународна недела на отворен пристап, ќе биде „Важно е како до отворено знаење: градење на структурна еднаквост“. Овогодинешната тема намерно се совпаѓа со усвоените препораки на УНЕСКО за Отворена Наука, каде Отворениот Пристап е клучна компонента. Датум на одржување: 25-31 Октомври, 2021.
„Отворената наука треба да ги опфати разновидноста на знаења, практики, работни текови, јазици, резултати од истражување и истражувачки теми, а кои ги поддржуваат потребите и епистемичкиот плурализам на научната заедница како целина, различни истражувачки заедници и научници, како и пошироката јавност, носители надвор од традиционалната научна заедница, вклучувајќи ги граѓаните и локалните заедници, општествените актери од различни земји и региони, како што е соодветно“ (Препорака на УНЕСКО за Отворена Наука, стр.7)
УКИМ го поддржува отворениот пристап на различни начини. Речиси сите списанија поддржани од УКИМ се со отворен пристап до пошироката јавност. Достапните списанија објавени од членовите на УКИМ најдете ги овде.
Проф. д-р Владимир Трајковиќ од ФИНКИ е амбасадор на УКИМ за Отворена Наука. Тој е иницијаторот УКИМ да ја потпише Берлинската Декларација за Отворен Пристап. Тој е претставник на УКИМ во OpenAIRE – AMKE и македонски претставник во Истражувачката Инфраструктура за Отворен Пристап во Западен Балкан.

Тренингот, во форма на вебинар, ќе се реализира преку платформата за тренирање развиена во рамките на NI4OS проектот.
Датум на одржување: 15ти Октомври 2021 год. (Почеток: 10:00 / Крај: 13:00)
Повеќе информации, како и можност за регистрација, на следниот линк.