Policies | Open Science Policy

Политика за отворена наука 

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на својата 19.седница одржана на 31 март 2022 година, ја усвои Политиката за отворена наука на УКИМ, дел  од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука.
Политиката на Отворена наука на УКИМ е начин за прокламирање на напредокот во науката и дифузија на знаења за доброто на општеството преку усвојување на разни практики на отворено, достапно, интероперабилно, репродуцирачко и одговорно истражување, како важна цел на стратешките документи на Универзитетот.
Таа е чекор кон отстранување на бариерите за споделување на секаков вид на резултати од истражувањата, во насока за подобрување на меѓународната видливост и претставување на Универзитетот како квалификуван партнер во истражувачки проекти и истражувачка област, на регионално и на пан-европско ниво.

ДОКУМЕНТИ

Политика на Отворена наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје   

Open Science Policy at the Ss. Cyril and Methodius University in Skopje