Науката го поврзува светот! Поврзи се со УКИМ!
Центарот за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар организираа настан, трет по ред, под мотото „Зборуваме отворено за наука“.
Настанот се одржа на 12.04.2022 / 12:00-14:00 часот, на хибриден начин. Притоа, говорниците беа со физичко присуство во Ректоратот на УКИМ, а настанот можеше да се следи и преку платформата Zoom. Настанот го следеа 140 лица, најголем број студенти, што посебно не радува.
Овој пат сакавме да допреме до студентите и да им ја приближиме науката, значајна за секој поединец, која денес во 4.0 индустрија станува отворена, разбирлива, граѓанска, двигател на развојот и дел од современото живеење.
УКИМ, како стожер на знаењето и науката во државата, има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.Токму затоа и овој настан, на кој пораката беше испратена до студентите, до младите истражувачи.
УКИМ, како стожер на знаењето и науката во државата, има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.Токму затоа и овој настан, на кој пораката беше испратена до студентите, до младите истражувачи.
На настанот говореа:
- Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ
- Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ
- Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ
- Проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
- Проф. д-р Марија Вавлукис, редовен професор на Медицински факултет во Скопје
- Проф. д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје
- Проф. д-р Владимир Ивановски, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
- Проф. д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје
- Проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал и постојан член на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ
- Проф. д-р Владимир Атанасовски, редовен професор на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје
- Проф. д-р Ѓоше Стефков, редовен професор, Фармацевтски факултет во Скопје
- Марија Акимовска, Менаџер за развој на бизнис во THRIVITY, Модератор на настанот
Студентите зедоа активно учество со свои прашања и дискусија со научниците.
Настанот беше дел од серијалот Зборуваме отворено, во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY Кариерниот центар.