Научни списанија публикувани на УКИМ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку единиците, публикува 48 меѓународни научни списанија, сите со отворен пристап, презентирани во продолжение, групирани по научноистражувачки подрачја. Уредувачките политики ги следат принципите на отворена наука и базираат на дијамантскиот модел со отворен пристап, што значи бесплатно објавување за авторите или нивните институции, односно пристап до научните трудови без плаќање на трошоци.
Во насока на зголемување на видливоста на УКИМ, интенцијата е сите списанија на Универзитетот да имаат електронска форма и да бидат референцирани во што поголем број светски електронски бази за индексирање на научни списанија. Притоа, целта е да се следат критериумите и да се постигнуваат условите за референцирање во двете најрелевантни индексациски електронски бази во светот, Web of Science на Clarivate Analytics и Scopus на Elsevier. Дел од научните списанија на УКИМ имаат развиени посебни дигитални портали, преку кои се обезбедува достапност до архивите на претходните изданија, а преку дел од нив се обезбедува и систем за поддршка при аплицирање, рецензирање и електронско публикување на нови публикации. На Универзитетот е развиен и се негува универзитетскиот електронскиот портал за публикување на меѓународните научни списанија, е-Journal УКИМ. Овој портал претставува електронска база на дел од научните списанија, во моментот 15 списанија кои до сега немале електронско издаваштво и повеќе од 2000 статии. Во следната фаза, порталот ќе прерасне во база на сите списанија на УКИМ, со поврзување на одделните дигитални портали. |
Научни списанија на УКИМ презентирани по научноистражувачки подрачја |
Title | Faculty/Institute |
---|---|
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering Web of Science (IF = 0,829 for 2019 year), SCOPUS, EBSCO, etc. | Faculty of Natural Sciences and Mathematics and Faculty of Technology and Metallurgy |
Geographical surveys | Faculty of Natural Sciences and Mathematics |
Acta Geobalcanica | Faculty of Natural Sciences and Mathematics |
Title | Faculty/Institute |
---|---|
Macedonian Journal of Anesthesia | Faculty of Medicine |
Epilepsy and Neurology | Faculty of Medicine |
Journal of Morphological Sciences | Faculty of Medicine |
Phisioacta | Faculty of Medicine |
Macedonian Journal of Ophtalmology | Faculty of Medicine |
Acta Morphologica | Faculty of Medicine |
Archives of public health | Faculty of Medicine |
Academic Medical Journal | Faculty of Medicine |
Macedonian Dental Review (Index Copernicus) | Faculty of Dentistry |
Macedonian Pharmaceutical Bulletin (EBSCO Host – Academic Search database) | Faculty of Pharmacy |