Почетна | Новости | 13.06.2024


Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ и Универзитетот Шига од Јапонија

Во контекст на проширувањето на меѓународната соработка и интернационализација на УКИМ, ректорот проф. д-р Биљана Ангелова, денес, во присуство на Амбасадорот на Јапонија во РСМ, Н.Е. Казуја Оцука, го потпиша Меморандумот за соработка помеѓу УКИМ и Универзитетот Шига од Јапонија. На потпишувањето претходеше средба со Амбасадорот Оцука и проректорот на Универзитетот Шига, проф. д-р Масајуки Сусаи, на која Ректорката истакна дека со овој Меморандум се поттикнува академската соработка, се зголемуваат можностите за истражување и се промовира културна размена помеѓу двата универзитета и земји. ✨

 

May be an image of 5 people and text