The Human Resources Strategy for Researchers
За Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, научно-истражувачката дејност е од посебен интерес. Токму поради тоа и залагањата да се следат европските стандарди и принципи во научно-истражувачката дејност.
УКИМ ја потпиша „Декларацијата за посветеност кон Европската повелба за истражувачите и Кодексот на однесување за ангажирање истражувачи“. Принципите на Повелбата и на Кодексот и нивната имплементација се реализираат преку точно утврдена процедура – Стратегија на човечки ресурси за истражувачи (HRS4R). Во следните 12 месеци, УКИМ се посветува на реализација на оваа процедура.
Меѓудругото, HRS4R е потребен за обезбедување пристап до финансирањето на Хоризонт Европа, рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации 2021-2027 година. |