| На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно се реализира програмата Еразмус+ на Европската Унија во областа на високото образование, која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Во рамки на програмата Еразмус+, на УКИМ се распишуваат годишни конкурси за реализација на мобилности на студенти и наставно-научен кадар. Во продолжение се наведени генералните документи потребни за програмата Еразмус+, како и документите потребни при аплицирање за реализација на мобилности. |


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 3, 1000 Скопје, Република С. Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа) 3293-202