Почетна | Новости | 22.04.2024


РОБОМАК 2024

На 22.4.2024 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии се отвори 12-тиот РОБОМАК и 4-тиот РОБОМАК јуниор, со учество на 115 учесници – студенти и средношколци.
РОБОМАК 2024 -меѓународен натпревар во роботика, електроника, автоматика и вештачка интелегенција.
Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 27.4.2024. Организатори се:
IEEE (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку студентскиот огранок при УКИМ и Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies – Skopje, во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.
Проф. д-р Biljana Angelova, ректор на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во своето обраќање потенцираше дека овој настан претставува збир на талентирани млади умови и порача: „Светот околу нас претрпува брза технолошка трансформација. Додека гледаме кон иднината, јасно е дека роботиката и вештачката интелигенција ќе играат се поважна улога во обликување на нашите животи. РОБОМАК платформата ги зајакнува младите умови да станат архитекти на новото технолошко и просперитетно општество. Знаењето и искуството ќе ги поттикнат да се справат со предизвиците и можностите што престојат“.