Стручен совет на докторски студии

 

  • Проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава, претседател (по функција)
  • Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука, потпретседател (по функција)
  • Проф. д-р Валентин Мирчески, Природно-математички факултет – Скопје, од природно-математичките науки
  • Проф. д-р Елена Думова, Градежен факултет – Скопје, од техничко-технолошките науки
  • Проф. д-р Раде Русевски, Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, од земјоделски и ветеринарни науки
  • Проф. д-р Бети Зафирова, Медицински факултет – Скопје, од медицинските науки и здравство
  • Проф. д-р Тони Милески, Филозофски факултет – Скопје, од општествените науки
  • Проф. д-р Александра Саржоска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, од хуманистичките науки
  • Проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност – Скопје, од хуманистичките науки
  • Проф. д-р Климентина Попоска, Економски институт – Скопје, од научните институти
  • Проф. д-р Наташа Аврамовска, ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје, од јавните научни установи, придружни членки на Универзитетот.

 

Докторските студии се координираат од страна на Стручен совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кој, пак се формира од страна на Универзитетскиот сенат.

Составот, надлежностите и начинот на работа на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се утврдени со Статутот на Универзитетот, со актот за неговото формирање и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Универзитетскиот стручен совет за докторски студии:

  • на Универзитетскиот сенат му предлага студиски програми за докторски студии, врз основа на предлозите на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии. Претходно мислење до Сенатот дава Ректорската управа на Универзитетот;
  • ги координира докторските студии на Универзитетот;
  • се грижи за обезбедување на квалитетот на докторските студии;
  • се грижи за поврзување на постојните и поттикнување на нови докторски студии;
  • до Ректорската управа доставува предлог за конкурсот за запишување студенти на докторски студии, врз основа на предлозите на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии (број на студенти, износ на школарина и други елементи на конкурсот);
  • ја потврдува ранг-листата за прием на студенти по конкурсот за студирање на докторски студии;
  • ја утврдува листата на ментори;
  • по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува листата на изборни предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
  • ја координира наставата на предметите за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
  • ја координира организацијата на докторски семинари и годишни конференции;
  • се грижи за реализација на Правилникот, за што донесува упатства и други општи и поединечни акти;
  • врши и други работи утврдени со Правилник и работи што ќе му бидат доверени од Универзитетскиот сенат.

Стручните, административните и техничките работи за потребите на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се вршат од страна на Стручната служба на Универзитетот.