Студентски мобилности | Странски студенти

Услови и критериуми за запишување на УКИМ

Кандидатите за запишување на прв циклус студии на УКИМ, кои се странски државјани и кои целокупното средно образование го завршиле во странство, се запишуваа под истите услови и критериуми утврдени во Конкурсот за сите кандидати, во квотите утврдени за овие категории студенти.

 

Познавања на македонскиот јазик

За кандидатите странски државјани кои немаат познавања на македонскиот јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик.

Подготвителната настава се организира во траење од по три месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

По успешно завршување на подготвителната настава и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот, со што стекнуваат право за пријавување за запишување на факултетите на нашиот Универзитет.
На следниов линк има дополнителни информации за полагањето и за стекнување Уверение за познавање на македонскиот јазик.

 

Пријавување на странски студенти за запишување на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

При пријавувањето, кандидатите доставуваат:

  • пријава за запишување (образец А1)
  • електронска пријава (од iKnow-системот)
  • нострифицирана диплома за завршено средно образование
  • заверен превод на изводот од матичната книга на родените
  • сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) и
  • уверение за здравствената состојба (издадена од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

 

Kандидатите се пријавуваат во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во роковите утврдени во Конкурсот.

Електронска адреса за контакт: st.student@ukim.edu.mk

 

 

Рокови

Прв рок Втор рок Трет рок
Пријавување на кандидатите 30.8. и 31.8.2023 18 и 19.9.2023 28.9.2023
Запишување на кандидатите 12. и 13.9. 2023 26.9.2023

 

Водич за странски студенти