Почетна | Новости | 23.03.2021


Посета на Ректорот на Тракија Универзитетот, ТУРЦИЈА

На 23 март 2021 година, ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски заедно со проректорите на Универзитетот,  во работна посета прими делегација од Тракија универзитетот во Едрине, Турција, предводена од ректорот, проф. д-р Ерхан Табакоглу. На состанокот беше потпишан Еразмус+ договор за соработка и договорени можности за проширување на размената преку соработка во рамки на “techнology parks” и мобилност на наставници и студенти во рамки на научните дисциплини  од заемен интерес.